Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека се забранува секаков вид на јавни собири без разлика од обемот.
„Предлагаме до Владата нови мерки – забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, каферетиите и рестораните до 18 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат“, додаде Филипче.
