Изминатото деноноќие вкупно 30 пожари низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 08:00 часот на 03.08.2026 година, регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, јавуваат од Центарот за управување со кризи.

Во моментов нема активни пожари, еден пожар е ставен под контрола, а 29 пожари се изгаснати.

Пожар под контрола (1): Општина Македонски Брод – помеѓу селата Слатина и Грешница (нискостеблеста деградирана шума и ниска вегетација).