Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Струга

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од АМСМ утринава информираат дека е воводена забрана за движење на тешки товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Струга поради снежни наноси. На другите правци, засега, нема никакви ограничувања.

Исто така од АМСМ информираат дека сообраќајот денеска се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашаст снег.