Без ланци на гумите не можете да се искачите на Попова Шапка.
А и да сте уверени дека можете, полицијата нема да во дозволи. Забрана по оваа делница има и за тешките возила.
Во градот улиците се проодни со зимска опрема. Од општина Тетово велат дека екипите се на терен и апелираат да не се излегува без опрема.
-Патиштата се проодни но не во нормални услови, со отежнатост, екипите се на терен но како што видовме има континуирани врнежи од снег и според најавите на метеоролозите врнежите ќе продолжат и во текот на овие два-три дена, апелираме до граѓаните да не излегуваат без зимска опрема бидејќи тоа може само да предизвика штети и да го блокира сообраќајот, изјави Албион Алили, портпарол на општина Тетово.
Ски центарот Попова Шапка работи нормално. Директорот Абдилгани Алији во телефонски разговор рече дека и покрај врнежите, сите ски-лифтови се отворени и сезоната продолжува без никакви проблеми.
