Во денешното предизборно соочување на лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ на ТВ24, Зоран Заев посочи дека ако треба ќе му даде или ќе бара пратеници од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за формирање на Влада, но нема да прифатат уцени.
„СДСМ нема да дозволи да биде под никакви уцени, јас и тогаш, и денеска сум кажал за било која функција во државата нема проблем за етничката припадност на кандидатот, нема проблем, но никако тоа не смее да биде услов. Јас сум кандидатот за премиер од Коалицијата „Можеме“ и јас ќе бидам идниот премиер со тие што ќе направиме идно парламентарно мнозинство, ако условот биде да мора да бидеме тоа со ДУИ нема да преговараме. Јас сум спремен да му отстапам, со разговор на нашите пратеници, 13 пратеници на г-дин Мицкоски, оти толку ќе му требаат за 61 пратеник, тој да формира малцинска Влада или ќе барам од него да ми отстапи 6, оти толку ќе ни требаат на нас за да можеме да формираме Влада“, порача Заев.
