Премиерот Зоран Заев, го честиташе Денот на независноста – 8. септември, нарекувајќи го еден од најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија.
„8 септември, Денот на независноста е еден од најсветлите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци…
Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други,Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата. Да живее Република Северна Македонија!“, напиша Заев.
