Министерот за здравство Венко Филипче во денешното обраќање посочи дека лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски во домашна самоизолација откако имале интервју со новинар позитивен на коронавирус.
„Резултатот на Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контактот со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ Заев со оглед на тоа што тој синоќа вечерта беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по информациите е ставен во домашна изолација“, истакна Филипче.
Тој додаде дека новинарот е во стабилна здравствена состојба и е на лекување во болницата „8 Септември“.
