Заев ја знае „тајната идеја“ на Ахмети, ќе отвори дебата како за „првиот албански премиер“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе неколку недели на социјалните мрежи објавуваат зелено поле со инструкциски знаци. Сега почнаа да ја промовираат и реченицата „Нешто големо доаѓа“, но никој од ДУИ не обелоденува за што станува збор. Ниту првиот интегративец Ахмети не открива ништо, само најавува дека ќе биде нешто слично со идејата за „премиер Албанец“.

„На 5-ти јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, но и за оваа платформа ќе има голема дебата, но да оставиме за 5-ти јуни“, посочи Ахмети.
Но, ако претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред една година се спротивстави на идејата за „премиер Албанец“, сега се чини „поопуштен“ во однос на следниот чекор на Ахмети. Не открива што, само вели дека станува збор за модерна и соодветна работа за 21 век.

Неофицијално, се претпоставува дека фразата „Нешто големо доаѓа“ е поврзана со локалните избори, но, сепак останува да дознаеме в сабота.