Заев: Продолжуваме да работиме со Бугарија во изнаоѓање заедничко победничко решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе продолжиме да работиме со Бугарија за изнаоѓање заедничко победничко решение. Во овој момент се уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа. Целта е низ договорот преку двете комисии, а тоа е историската комисија и меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата кои ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, сериознио имплементирање на обврските од Договорот. Очекуваме дека овие денови ќе се интензицвираат разговорите за на крајот непосредно пред 17, а тоа е вторник да се обидеме да постигнеме решение.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција во Владата за изјавата на бугарскиот вицепремиер и министѕер за одбрана Красимир Каракачанов дека Скопје има време до петок да корегира се што пропушптило во замена за почеток на ппристапните преговори, а би ги вклучувало прашањата за јазикот, идентитетот и историјата

– Вистинските политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат. За тоа имаме и директна поддршка од  канцеларката Меркел, рече Заев.

Тој потврди дека вчера навистина имале конструктивни разговори во пријателска атмосфера како соседи кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот, и рече дека се надева дека така и ќе продолжат.

-Искуството во преговорите со Грција ме  научи дека на Блаканот кога се работи за вакви прашања вистинско решение мора да постои само ако двете страни излезат како победници, односно едната да внимава на другата страна и обратно. Во овој момент се уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа. Тоа значи дека ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања. Се разбира, ние ќе информираме суштински и на време за овие важни прашања, но нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашаната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение, вели Заев.