Заев: Рече Пендаровски ако има договор пак да се собериме на лидерска, ако не срамота е пред народот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека претседателот Стево Пендаровски им кажал дека доколку има договор пак ќе се соберат на лидерска средба, но доколку нема, срамота е пред народот.

„Пак да се собереме и пак да си одиме, зошто? За да го оставиме општеството без институции за да купуваме време?. Не гледам никаква причина, побара г-динот Мицкоски средба, претседателот не покани и отидовме, на средбата побара уште една недела, ајде уште една недела, па се појавивме следната недела, па на крајот вика на 13 септември да бидат изборите“, истакна Заев.