Премиерот Зоран Заев, и воедно претседател на СДСМ, ја коментираше ситуацијата околу Максим Димитриевски кој е исклучен од партијата, и кој се реши да оди како независен кандидат во Куманово.
Заев кажа дека Димитриевски отишол сам против себе, и дека во Куманово ќе победи СДСМ.
„Кога ќе има спротиставен досегашен член во кој Социјалдемократскиот сојуз вложило во неговата иднина, во неговото работење, направило скалила да расте во својот личен рејтинг, а и во својот општествен рејтинг. Максим Димитриевски се одлучи за тоа да истапи од Социјалдемократскиот сојуз и оди како независен кандидат, тоа беше негова одлука. Максим тргна против Максим и СДСМ на Центрлниот одбор треба оваа исклучување од партијата да го констатира. Во Куманово ќе победи тој што победува веќе 30 години, а тоа е СДСМ“, рече Заев.