Заев за „Рекет“: Немаше зошто да се гледам со Боки 13, морав да го пријавам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес-конференцијата денеска зборуваше и за „Рекет“ и транскриптот од пораките со Бојан Јовановски – Боки 13.

Екс премиерот му пишал на првоосомничениот во „Рекет“ Јовановски дека е грозно тоа што го сторил и морал да го пријави.

Боки барал и средба, но Заев ја одбил, и го пријавил случајот. Екс премиерот го потврди тврдењето и на денешната прес-конференција.

„Кој се огрешил пред законот, ќе одговара и точка!“, рече Заев.