Зоран Заев, премиерот од Тетово ја коментираше средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој рече дека не очекува ништо, кога станува збор за настаните од 27. април.
„Не очекувам ништо. Убаво е што има дијалог, но во однос со прашањето на 27 април не очекувам ништо. Не може претседателот да амнестира лица кои учествувале во терористичко загрозување на уставниот поредок. Но, од разговор нема зијан. Нека направам муабет. Доминантен фокус да се стави на парламентот, ослободување на законите кои живот значат за законите“, рече Заев.
