Заев за ТВ21: Клучна порака од Преспа форум е дека сме почитувани од целиот свет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 истакна дека клучната порака од Преспа форумот за дијалог е дека ние сме почитувани од целиот свет.

Тој вели дека многу пораки се испратиле преку Преспа форумот за дијалог.

„Првата е дека Северна Македонија претставува извозник на демократски вредности, на европски вредности, доказ дека низ договорите од минатото, вклучително и Преспанскиот договор и Договорот за пријателство и добрососедство покажуваме како тоа јакне стабилноста на Балканот, развојот на меѓусебните пријателства, односи, економската соработка и европската интеграција“, посочи Заев.

Тој вели дека втората важна порака е сме почитувани од целиот демократски свет.

„Дојдоа највисоките претставници на Стејт Департменот САД директно задолжени за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер, помошникот државен секретар во Стејт департменот задолжен за Европа и Евроазија, заменик секретарот Метју Палмер беа тука, но беа и големи лидери од Европа, директно дел од нив како претседателот Пахор…“, порача Заев.

Во продолжение целата изјава