Заев за ТВ21 одговара дали ќе прифаќа ТВ дуел со Мицкоски: „За прашањето за Бугарија сега не е време“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за ТВ21 одговори дали ќе прифати ТВ дуел со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека досега пет пати прифатил дуел со Мицкоски.

„Прочитав што е причината, за разговорите со Бугарија… Мислам дека имаме многу што да посветиме време на поконкретни работи отколку да разговараме на таа тема која што е јасна за целиот наш народ. Сите детали се знаат, целиот регион знае, цела Европа знае и сега ние треба да дискутираме на дијалог со него за прашањето и проблемот што го имаме со Бугарија, не, мислам дека не треба“, посочи Заев.

Премиерот вели дека иако на целиот свет му е јасно дека никој не разговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа го потврдувале сите, само на „Мицкоски му требало декларација за македонскиот народ и македонскиот јазик“.

Во продолжение целата изјава: