Зоран Заев на денешната прес-конференција го образложи и законот за ЈО за кој, според него, е најдобро решение, одобрено од сите експерти и од Европската Комисија.
„Со ова решение градиме правна држава. Сега е 10 пати поголем притисок врз пратениците отколку кога беа уставните измени“, рече Заев кој побара од Мицкоски да каже каде е таа скриена амнестија.
