Заев заедно со Османи и Бектеши во Букурешт ќе навиваат за фудбалската репрезентација!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев и министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши, пристигнаа во Букурешт каде што попладнево ќе бидат присутни на Националната Арена и ќе го следат дуелот меѓу Македонија и Австрија.

„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на својот „Фејсбук“.