Загина 49-годишен пешак откако возило удрило во него на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 18.03.2021 година во 19,.3 часот на регионалниот пат  Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта, патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(36) од селото Велешта, удрил во пешакот Т.К.(49) од село Подгорци.

На пат кон општата болница во Струга Т.К. им подлегнал на повредите. На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.