Зајкова ќе го замени Милевски во ЛДП? – „Не може Владата да направи многу ако Собранието кочи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеничката на Либерално демократската партија, Моника Зајкова во гостување во информативниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, вели дека има слух кај поголемите партнери во коалицијата како СДСМ и ДУИ за иницијативите на нејзината партија, но истите заглавуаат во собраниска процедура.

„Најчесто тие заглавуваат во некоја од собраниските комисии. Иако ние постојано ги изложуваме нашите идеи, ги аргументираме пред се, еве за декриминилизацијата на канабисот сме одржале можеби многу трибини, но и бевме првите односно ЛДП беше првата која што свика јавна дебата внатре во Собранието по однос на Законот за опојни дроги и психотропни суптанции каде што го отвори прашањето за декреминилизација и рекреативната употреба на канабисот. Така што ако не можеме да влијаеме да брзо се донесат тие законски решенија, можеме да го користеме Собранието и да ја отвориме јавноста и да го подигнеме прашањето“, вели Моника Зајкова.

Прашана како е задоволна од сегашната Влада, Зајкова рече дека е задоволна, но и дека се не зависи само од Владата, туку сите имаат одговорност.

„Не може Владата да направи многу ако ние во Собранието ја кочиме работата и го кочиме носењето на одредени процеси го кочиме носењето на одредени закони еве конкретно ќе кажам денеска се одржува Комисијата за европски прашања и политики. На дневен ред се закони од областа на правосудството кои што Националната стратегија за правосудство треба да обезбедат реформи во правосудниот сектор и таа комисија се одржува, има обиди да се одржи веќе неколку пати меѓутоа се уште не е усвоен ниту дневниот ред. Не можеме да се блокираме кога станува збор, јас разбирам, го разбирам и револтот можеби на колегите од опозицијата и слично, но не можеме секогаш да одиме само слепо по онаа партиска матрица за добивање на поени затоа што граѓаните надвор се соочуваат со реални проблеми и чекаат од нас конкретни решенија и чекаат конкретно да им обезбедиме резултати што сме сработиле“, додаде Моника Зајкова.

Зајкова потврди дека ќе се кандидира за претседател на ЛДП и побара поддршка од членството на партијата, но и од сегашниот претседател Горан Милевски.