Законот за ЈО во Собрание – под знак прашалник дали 80 пратеници ќе гласаат „За“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Партијата во власт, СДСМ, е убедена дека е постигната законска основа за Законот за ЈО да добие поддршка од 80 пратеници.

Пратеникот на социјалдемократите, Митрески, истото така изјави дека со текстот се опфатени и барањата на опозициската партија, но и независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски, рече дека законот е неприфатлив и ги повика пратениците да не гласат.

И албанската опозиција е против овој предлог закон. Исто како за ВМРО ДПМНЕ, и за Алијанса за Албанците проблематичен е член 110, каде се предвидува да нема можност да се покрене обвинение врз основа на прислушуваните материјали, туку тие да се користат само како индиции.

„За жал, според тоа што го гледаме, во последната верзија која е пуштена во парламентарна постапка, има драстична промена кај член 110. Со тој член се сугерира општа амнестија на сите тие кои се вклучени во криминал и корупција. Ставовите на АА за ова прашање беа принципиелни и ние нема да дадеме поддршка за никаков закон кој има за цел амнестија на криминалците и на корумпираните“, истакна Сурија Рушиди.

Ниту Движење Беса не го поддржува овој предлог закон. Пратеникот, Фадил Зендели, освен што предлог текстот го оценува како амнестија на криминалот, го потсети Заев дека не е почитуван ниту договорот меѓу Беса и Владата од пред една година, во личните карти да фигурира и етничката припадност.

„Имаме и една друга причина. Владата не го почитуваше договор кој ние како пратеници го имавме со Владата за уставните промени, кај матичното евидентирање на лицата во личните документи, посебно кај личните карти. Владата имаше една година време за да го исполни тој договор, не преземаше ништо, а ниту мисли да преземе“, додаде Фадил Зендели.

ДУИ е „за“ предлог законот, но како што дознава ТВ21, единствениот услов е на седница да влезе верзијата која вчера ја договорија партнерите на коалицијата, поради тоа што до Собрание Владата ја доставила претходната верзија со која не се согласуваше ДУИ. Независната група на пратениците на ДПМНЕ, постои веројатност да гласа „за“ предлог законот изјави пратеничката Емилија Александрова.

Александрова вели дека повеќето барања од нејзината група се прифатени.

Владата во Собрание предлог законот го испрати со европско знаменце што подразбира дека ќе биде во комисијата за европски прашања со која раководи Артан Груби.

Се предвидува потребата од усвојувањето на законот да помине вечерва, со просто мнозинство гласови. Потоа ќе има дводневна дебата во комисијата по која Законот се испраќа на пленарна седница за усвојување. За да помине, потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 гласа за кои се уште е неизвесно дали се обезбедени.