Законот за правична застапеност во Собранието, Аднан Азизи во „Клик Плус“: Нема никакво прекршување на процедурите, реакциите се за дефокусирање на јавноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, гостин беше пратеникот од ВЛЕН, Аднан Азизи, кој зборуваше и за Законот за правична и соодветна застапеност.

Азизи истакна дека овој закон се носи со цел да се обезбеди правична застапеност по укинувањето на „балансерот“. На прашањето во врска со утврдувањето на етничките квоти, тој одговори дека тие се предвидени во процесот на планирање и во методологијата.

Меѓу другото, пратеникот Азизи нагласи дека нема никакво прекршување на процедурите, а за реакциите на опозицијата рече дека имаат цел да ја дефокусираат јавноста.