Заматување на водата во изворите на Попова Шапка – водата да не се користи за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради обилните врнежи од дожд последните денови, дојде до заматување на водата во изворите на Попова Шапка.

„Со препорака на Центар за Јавно Здравје- Тетово се препорачува водата ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА ПИЕЊЕ се додека не се добијат конечните резултати. Моментално количината на водата е 350л/с“, велат од ЈКП Тетово.

ЈКП ТЕТОВО Тетово бара разбирање од страна на граѓаните.