И покрај субвенционирањето на електрична енергија, компаниите не ги намалија цените на производите. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Владата на денешната седница ја укина одлуката за субвенционирање на струјата за производителите на основните прехранбени производи. Извести дека на сила стапува мерката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари.
Вчера од индустријата на лебот се заканија дека нема да произведуваат леб доколку се замрзне цената на овој производ.
А на ова одговори министерот за економија Крешник Бектеши.
Сепак Бектеши најави дека Владата ќе состави нови мерки кои ќе се спроведат од април и дека субвенциите ќе им бидат доделени директно на граѓаните а не преку компаниите.
