До сега во Хрватска се потврдени над 382 случаи на заразени со коронавирус, а еден од нив испрати порака за сите граѓани во Хрватска да ја сфатат состојбата сериозно.
Тој посочува дека неодговорното однесување може да ги убие луѓето со слаб имунолошки систем и хронично болните во чија категорија спаѓаат децата, младите и возрасните, па затоа моли состојбата да се сфати сериозно.
Статусот го пренесуваме во целост:
“Температура, сува кашлица и лесна треска. Индикации кои се појавија во интервали и со различни симптоми двапати неделно.
13 ден како лежам на Клиниката за инфективни болести, д-р Фран Михајљевиќ во Загреб и сум 15 личност на која тестот за Ковид-19 беше позитивен. Здравствената состојба во целиот процес на хоспитализација до сега беше стабилен, без поголеми промени во споредба со нечии дедовци, баби, сопруги, браќа, роднини, соседите и колеги кои лежат со респираторна машина и непознат исход.
Поминаа 13 дена откако докторот преку стаклена бариера ми посочи „Позитивен сте“, 13 ден откако бројката 15 се качи на 400 инфицирани лица, а оние во самоизолација на 13.000 – бројка која од ден во ден се повеќе расте.
Би сакал да ве замолам сериозно да ја сфатите оваа состојба и да ги следите професионалните упатства. Имајте на ум дека вашето неодговорно однесување може да убие луѓе со слаб имунолошки систем и хронични пациенти, вклучително и деца, млади и возрасни.
Не ширете паника, не бидете насилни, не човечки и не повлекувајте се кон методи за сегрегација кон членовите на семејството или пријателите на оние кои се заразени, што може да се види во многу околности.
Активирајте се во локалните заедници – згради, улици и населби; поддржете ги старите, болните и лицата со посебни потреби при набавка и испорака на храна и лекови и основна социјализација.
Фокусирајте се на планетата Земја со намалување на отпадот и неговото влијание врз животната средина преку поврзување со мали локални производители кои можат да испорачуваат овошје, зеленчук и други прехранбени производи, наместо да ги поддржувате актерите на широкиот ланци, кои консумираат големи количини на природни ресурси за да можат да испорачуваат стоки на трговски центри. Обидете се да ја намалите потрошувачката на месо и млечни производи – фокусирајте се на растителни извори на минерали од калциум и протеини како грав, тофу, алги и семиња.
Да го задржиме вниманието и солидарноста кон светот и околу себе и после завршетокот на оваа вирусна инфекција, имајќи во предвид дека се се менува, но на светот сега повеќе од кога било му е потребен баланс.
Да се свртиме кон внатрешната промена. Поздрав од јога просторијата“, стои во статусот.
