Заседава кризниот штаб, прес конференцијата на Филипче одложена за 14 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прес конференцијата на Министерот за здравство, Венко Филипче е одложена за 14 часот бидејќи во моментов заседава кризниот штаб поради последните два случаи со коронавирус во Македонија.

Според информации на ТВ21, Министерството за внатрешни работи ги пронајде и обезбеди сите патници од автобусот во кој патувал и парот кај кој е потврден коронавирусот.

Се работи за автобус на компанијата „Дурмо турс“, а во него имало 14 патници од полошниот регион, 12 од Гостивар и 2-ца патници од Тетово.

Според информации на ТВ21, сите се пронајдени и со нив се прави анкета на кое место седеле во автобусот. Според министерот за здравство Венко Филипче најголема опасност имаат патниците кои седеле три седишта пред и позади парот заразен со коронавирус.

Овие информации се очекува да ги потврди и министерот за здравство на закажаната прес конференција во Владата во 14:00 часот.

ТВ21 во живо ќе ја пренесува прес конференцијата.