Заврши државниот карантин за 63 лица во кавадаречки хотел, сите се добро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заврши 14 дневниот државен карантин за 63 лица во хотелот „Уни палас 2“ во Кавадарци, сите се добро и без симптоми на коронавирус. За ова денеска информираа сопствениците на хотелот.

-Се работи за македонски граѓани кои пристигнаа од Германија, Италија, САД, Словачка, Шпанија, Косово, Бугарија. Карантинот помина успешно, сите гости заминаа здрави и задоволни, нагласија сопствениците на хотелот.

Тие додадоа дека утре очекуваат нови околу 70 гости,  кои исто така овде ќе престојуваат во државен карантин.