Ловџиите ја затворија ловната сезона со организирање ловење во стапица на диви животни. На местото наречено Горица денеска излегоа околу 100 ловџии кои се поделија на групи и го опколија местото, а друга група со потребната опрема ги насочуваа кон стапицата.
Бидејќи сезоната за лов заврши на крајот на јануари, денеска ловџиите имаа право да ловат само волци и лисици. Но таму беа видени и други диви животни како диви свињи, диви мачки и срни, но ловџиите не ги имаа на нишан.
Претседателот на здружението Еко Фазан, Кујтим Чодари рече дека оваа сезона усмртиле 50 свињи а на територија на цело Кичево убиени се 5 волци.
„Денеска здружението Еко Фазан организира заеднички лов со сите групи, каде сите заедно бевме на еден терен кој го нарекуваме Горица и ќе можат да се ловат само волци и лисици.“, вели Чодари.
Екс претседателот на ова здружение Ќерим Халили рече дека Кичево има добар терен.
„Терените се добри, особено во делот на север на Кичево, погодни се за лов и доста богати со диви животни како диви свињи, волци, лисици, диви мачки и мечки, а во последно време и рисот.“, вели Халили.
Есат Реџепи од Министерството за земјоделство кој учествуваше во ловот, рече дека се е организирано согласно законот, а истакна дека Кичево е на прво место во Македонија по ловење диви свињи.
„Има многу терени, но овој терен овде на Еко Фазан е многу добар бидејќи ги има сите видови дивеч. И официјално е на прво место во Северна Македонија по убивање диви свињи.“, изјави Реџепи.
