Од денеска невакцинираните деца против голема кашлица нема да бидат примани во градинките. МЗ пушти наредба до градинките, децата кои се без потврда за вакцинација да бидат вратени дома. Ова нема да важи само за Скопје туку за цела територија на земјата.
На прашањето дали е задоцнета ваквата мерка со оглед на тоа што помина речиси еден месец од препораката, Демири рече дека од денеска тоа е официјално со документ, но дека препораката била спроведувана претходно.
Инаку од денеска Санитарниот здравствен инспекторат ќе започне со вонредни контроли и издавање решенија за забрана за присуство во градинките на децата кои не се целосно имунизирани со вакцината ДиТеПер против голема кашлица.
