Зекири за изјавата на Џафери за пуч: „Не сакаме да свикаме Собрание без одлука, Џафери да понесе одговорност“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Социјалдемократскиот сојуз не претендира и нема план за да го свика Собранието без одлука на собранискиот спикер, Талат Џафери, уверува потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, одговарајќи на тврдењата на Џафери дека свикувањето на Парламентот без негова одлука би било пуч. Зекири вели дека по иницијатива на СДСМ, сега Џафери треба да свика или да не свика седница, а ако не го направи тоа, тогаш ќе треба да понесе одговорност за кршење на Уставот.

ТВ21: Како ќе понесе одговорност претседателот на Собранието ако не свика седница?

Зеќири: Секако дека одговорноста за она што може да се случи во иднина ако продолжи ситуацијата со која се справуваме, паѓа врз него! Сега на 16 мај ќе треба да се процени дали треба да има или не продолжување на вонредната состојба. Согласно Уставот, во Членот 63 Алинеја 4, пишува дека во воена и вонредна состојба може да се продолжи мандатот на пратениците и Парламентот да функционира. Зошто претседателот не го прави тоа, треба да одговори тој самиот, а секако и одговорноста за ова работа треба да ја сноси тој

ТВ21: Ставот на собранискиот спикер е дека не може да се свика веќе распуштена структура….

Џафери: Нема реконструкција на распуштен субјект! Дали може некој да го реконструира распаѓањето на Југославија, да ја врати и да ја реконструира?


Зеќири: Тој мора да разјасни кога бил во право – во 2016 кога двапати се врати Собранието, иако беше распуштено, или пак има право сега….

Иницијативата на СДСМ ги обедини сите парламентарни партии, освен ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кои не го поддржуваат повторното свикување на Собранието. За ова, албанската опозициска партија, Алијанса за Албанците ја обвини ДУИ велејќи дека во главите на екс-министрите на Груевски, како Талат Џафери и Бујар Османи „живее“ менталитетот за присвојување на државни органи и позиции.

-Скандалозно е да заклучиш дека и по 27-ми април 2017, точно на 3-годишнината од овој ужасен настан, сѐ уште има функционери кои за тесни политичко-партиски интереси, имаат параноја на непослушност пред 120 избрани луѓе!-рече Абази.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери пред два дена за ТВ21 го повтрои ставот дека по распуштање Парламентот не може повторно да се свика и дека пратениците немаат право на застапување и носење одлуки во името на гласачите, бидејќи веќе го вратиле нивниот мандат. Затоа, како што објаснува Џафери, Собранието може да го врати само народот преку избори што треба да се одржат во периодот што претстои. СДСМ со иницијативата потпишана од 35 пратеници на разни парти бара Собранието повторно да се свика за да се потврдат двете одлуки на Претседателот за прогласување вонредна состојба.