Во текот на летото поради големите жешки денови, секако мора да внимавате што јадеме и да ги бираме намирниците кои го хранат организмот, но и го хидрираат. Затоа е многу важно да внесувате вистинска храна за да ги надоместите витамините и минералите во телото.
Летото, особено кога е многу жешко, овошјето и зеленчукот не смеете да го запоставите. Искористете го благодедот на летото затоа што тогаш има многу овошје и зеленчук.
Во текот на летото треба да се држите до намирници кои разладуваат, а тие се:
Од овошје: јагоди, јаболки, крушки, диња, лубеница, праски, кајсии и сливи.
Од зеленчук: брокули, карфиол, краставици, тиквички, пиперки, боранија и пченка.
Исто така портокалово, жолто и црвено овојше придонесуваат за подобра пигментација и воедно поседуваат антиоксидантно делување.
