Зеленски: Прв чекор кон мирот би требало да биде запирање на нападите врз инфраструктурата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот врз енергетскиот сектор на Украина, руската војска истрелала околу 70 проектили и речиси 200 нападни беспилотни летала и дека првиот чекор кон мир треба да биде да се запрат таквите напади врз украинската инфраструктура.

Тој посочи дека се работи на санирање на штетите и дека авионите Ф-16 и Мираж 2000, обезбедени од Франција и распоредени за заштита, успешно дејствувале против руските ракети, пренесе Укринформ.

Зеленски повика на прекин на нападите, нагласувајќи дека „тишината на небото“ и „гаранциите за нормален поморски транспорт“ ќе бидат клучни за воспоставување мир и повтори дека Украина сака мир од почетокот на војната, а Русија мора да ги запре нападите.