Зеленски: САД контактирале со Украина за пресретнувачите на беспилотни летала, тие се „украинска нафта“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Соединетите Американски Држави „контактирале“ со Украина неколку пати од почетокот на нападот врз Иран кон крајот на февруари, во врска со производството на пресретнувачи на беспилотни летала, и дека Вашингтон е „многу заинтересиран“ за договорот.

Зеленски им рече на новинарите во Киев, зборувајќи за ширењето на конфликтите на Блискиот Исток, дека украинските пресретнувачи на беспилотни летала претставуваат „украинска нафта“, што се однесува до побарувачката за нив, првенствено во земјите од Блискиот Исток, објави денес Би-Би-Си.

Тој истакна дека е подготвен да се согласи на договор за заедничко производство со САД вреден 50 милијарди долари.