Зеленски: Украина утре ќе испрати делегација во Истанбул на нова рунда преговори со Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина утре ќе испрати делегација во Истанбул на нова рунда директни мировни преговори со Русија, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што напиша на каналот Телеграм, украинската делегација ќе ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров.

„Правиме сè за да ја заштитиме нашата независност, нашата земја и нашиот народ“, рече Зеленски.