Зеленски за најавената средба Трамп – Путин: Нема да ја дадеме Украина на окупатори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски со реакција по повод најавената средба помеѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, закажана за идната недела.

Порача дека не смее да има конечно решение за војната без учество на Украина, и дека таквиот потег ќе биде „решение против мирот“.

Трамп напомена дека од Украина може да се бара да отстапи територија како дел од мировниот договор со Русија, и рече дека „ќе има одредена размена на територии“.

„Си-Би-Ес Њуз“, исто така, објави дека Белата куќа се обидува да ги убеди европските лидери да прифатат договор според кој Украина би се откажала од значајни делови од својата територија, вклучувајќи ги регионите Донбас, Херсон и Запорожје.

Зеленски и претходно ги отфрли сите овие најави за територијални отстапки.