Земјоделците во Грција го блокираа автопатот Атина – Солун

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци кои протестираа вчера, на еден час го затворија автопатот Атина – Солун во областа Гиртони, Тесалија – јави АНА-МПА.

Блокадата е во согласот со одлуките кои ви понеделникот ги донесоа претставници на земјоделците од тесалискиот регин, со кои се предвидува затворање на автопатот секој ден по еден час во попладнецните часови.

Организираните протести почнаа минатата недела. Меѓу барањата се намалување на трошоците за производство, за кои велат дека се зголемени за 30%, имплементација на инфраструктурни објекти за заштита од природни катастрофи и болести на животните, правичен надоместок за покривање на 100% загуби и мерки прови поскапувањето на основните прозводи.

Земјоделците исто така имаат барања за штетите предизвикани од бурата Даниел во 2023 година.

Блокада е најавена и за денеска.

ФОТО: Архива