Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен, Охрид… 5,2 степени по рихтер, епицентар во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доцна вечерва земјотрес со јачина од 5,2 степени по рихтер и епицентар во Грција. Според ЕМСЦ, регистриран е точно во 23 часот и 31 минути, а епицентарот бил на 14 југозападно од Костур, Грција.

Земјотресот е почувствуван и во Македонија, најповеќе во Битола, Ресен, Охрид…

По половина час од потресот, ЕМСЦ корегираше дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени по рихтер.

На овој земјотрес, претходел и друг потрес во Грција од 3.5 степени.