Денеска во 12:29 часот земјотрес со јачина од 3,6 степени е регистриран во Босна и Херцеговина, со епицентар на 17 километри северно од Зеница и 11 километри југозападно од Жепче, соопшти ЕМСЦ.
Тресењето на земјата се почувствува во околината на Зеница, Тешњ, Теслиќ, Какањ, Нови Травник, Вогошче, Тузла, Градачац, дури и во соседна Хрватска, во Славонски Брод.
