Земјотрес со јачина од 3 степени ја погоди Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето околу градот Патра, во северниот дел на Пелопонез, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил во 6:56 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од 12 километри, на околу 15 километри од Патра.

Во моментов нема информации за евентуална материјална штета.