Земјотрес во Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во неделата попладне област во Словенија недалеку од Кршко беше погодена од послаб земјотрес. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), во областа е регистриран земјотрес со јачина од 2,0 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на пет километри од Кршко, а на само 42 километри од Загреб. Иако станува збор за слаб земјотрес, тој бил почувствуван во околните места, но нема информации за материјална штета.