Земјотресот направи голем одрон, блокиран патот Маврово – Дебар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотресот кој попладнево се случи со интензитет од 4,9 степени според Рихтер со епицентар во областа Маврово, предизвика одрон на патот Маврово – Дебар, со што е блокиран патот.

Ова е како афтер шок од силниот земјотрес кој со интензитет од 5 степени, утрово ја погоди истата област.

Засега нема пријава за други штети, а во последните 12 часа, покрај двата поголеми, таму имаше неколку помали потреси.