Зендели: Ќе се изнајде начин за деблокада – обиди за спречување на етничката припадност на личните карти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

….по „државјанство“, се додаваат зборовите „етничка припадност“

Ова е предлогот на Движењето Беса – на личните карти да фигурира и етничката припадност, но од партијата Левица, која во законодавниот дом брои двајца пратеници, се труди да го блокира законот со околу 1.200 поднесени амандмани.

Потпретседателот на законодавниот дом и пратеник на Движењето Беса, Фадиљ Зендели, вели дека иницијативата ќе ја истуркаат до крај, независно од тоа дали некој се обидува да ја спречи.

„Треба да изнајдеме начин да ја деблокираме оваа состојба и секако дека ова е деструктивен потег на оваа партија и на овие двајца пратеници…. ќе се изнајде законски начин, процедурални начини во Собранието за да помина и овој предлог-закон“, истакна Фадиљ Зендели.

Пратеникот од Левица, Борис Крмов, отворено признава дека амандманите ги доставиле со цел да го блокираат законот.

Тој додава дека со вметнувањето на етничката припадност во личните карти се нарушува Рамковната европска конвенција за национални малцинства. Ако нивниот глас против законот не се слушне, тогаш најавува дека ќе се обратат и до меѓународните инстанции. 

Пратеникот Зендели не открива на кој начин ќе ја надминат блокадата во однос на нивниот предлог.  Не потврдува дали ќе се постапи исто како кога ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го блокира Законот за употреба на јазиците со 30.000 амандмани, кои сепак не беа земени предвид.

Предлог-законот за лична документа е на второ читање. Идејата за воведување графа за етничка припадност е дел од коалицискиот договор меѓу Беса и СДСМ. Поддршка досега даде албанската владејачка партија, ДУИ. И албанската и македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата АА-ААА начелно се произнесоа „за“.