Жешка трка за Скопје – промовирани проекти и обвинувања меѓу противкандидатите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жешка трка за Град Скопје меѓу кандидатот на социјалдемократите, Петре Шилегов и кандидатката Данела Арсовска која ја има поддршката од опозицијата.

Секојдневно објавуваат по еден проект за метрополата, а не недостигаат ниту меѓусебните обвинувања. Арсовска денеска вети реализација на неколку  проекти  од културата и враќање на сјајот на старата чаршија.

Петре Шилегов, кандидат на СДСМ кој е поддржан и од другите партии од власта, денеска  објави проект за депонијата Дрисла за  која рече дека работел во изминатиот мандат за нејзинот претворање во модерна депонија по сите стандарди.

Во недела на 31 октомври граѓаните ќе можат да изберат меѓу Шилегов и Арсовска за градоначалник на Скопје во следните 4 години.