Жешкото време малку ќе попушти, денеска максимални температури до 36 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12
до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.


Во Скопје, сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Ова значи мало заладување во споредба со претходните денови кога максималните температури достигнуваа и над 40 степени.