„Кога доаѓа во Струга да не оди на ручеци или вечери со Мерко, нека дојде да види за каде ги издал лиценците за каменоломи“.
Ова е пораката на жителите на струшко Белица, упатени до Рамиз Мерко и Крешник Бектеши.
Тие се иритирани од многуте каменоломи во ова село кои се поставени многу блиску до нивните куќи. За тоа го обвинуваат министерот за економија Крешник Бектеши кој, како што велат, издава дозволи за каменоломи без стандарди. Освен што камионите им ги уништуваат улиците, прашината и експлозиите во каменоломите им ги уништуваат и куќите, а најлошо е што, како што велат, секојдневно дишат прашина.
„Ги гласаме за народот, не ги гласаме за самите нив, доколку мислат дека гласаат за себе, тогаш нека излезат да кажат гласате за нас и точка. Тие нека се богатат, ние ќе страдаме и така нека биде, ние со наши камења се удираме по глава, бидејќи одиме и гласаме а тие воопшто не се грижат“.
„5 каменоломи има овде, со каменоломите е полошо, вода 2 месеца нема, а каменоломи секогаш, сега ни носат и нови каменоломи“.
„Доколку не се реши овој проблем, ние ќе покренеме иницијативен одбор, ќе ги сопреме каменоломите, ќе излеземе на улица со автомобили и со други средства ќе ги спречиме во работата и ќе поставиме наши услови, бидејќи немаат право да се толку блиску до населени места, немаат право да работат дење ноќе и со години овде, некој станаа милијардери е ние се гушиме во прашина“.
Друг проблем е и водата за пиење, на почетокот на мај за неколку села од Струга почна проблемот со водата за пиење. Меѓу селата без вода е и Белица кое во текот на летото се соочува со недостиг од вода.
Тие велат дека Рамиз Мерко ги посетува само за избори, ветува решение за проблемот а потоа веќе не го гледаат а не ги прима ниту во канцеларија.
„И избори кога има ние бараме решавање на овој проблем, никој не ни дава одговор за тоа. Ќе направиме, ќе направиме и ништо. Нас не не интересира тие што прават, ние сакаме решение селото Белица да има вода, бидејќи се давиме во вода, од ова село цела Струга се снабдува а селото наше нема вода“.
Во ова село нема претседател на месна заедница, а за тоа прстот го вперуваат кон Мерко бидејќи како што велат, не можат да изберат тие кого сакаат туку треба да го изберат тој што му се допаѓа на Мерко.
„Не ни дозволуваат да имаме претседател на селото, бидејќи сакаат тие да изберат кој да биде“.
Побаравме одговор од Бектеши и Мерко за аквите обвинувања но до ова издание на вестите не добивме одговор.
