Жителите на поранешната општина Осломеј се жалат – ЕСМ вели дека нема договор за вработување од околните села

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со отворањето на РЕК „Осломеј“ беше договорено со жителите на поранешната општина Осломеј кога ќе има слободни места да се информираат месните заедници и заедно да одлучат кои жители од овие села ќе се вработат во термоцентралата. Но, од месните заедници од селата од поранешната општина Осломеј велат дека овој договор не се почитува и дека овде се вршат партиски вработувања!

„Иако имавме претходно договор со РЕК „Осломеј“ но тие не го одржаа зборот, дека работните места ќе бидат за жителите од овој крај, и сега бараме бидејќи ние сме оштетени, сите работни места што ќе се случат во оваа термоцентрала и фотоволтаиците што ги поставуваат Бугарите или Грците треба да бидат вработувања за жителите од оваа област затоа што населението од оваа страна е оштетено, па тие треба да имаат приоритет за работните места овде во термоцентралата и се консултиравме со месните заедници за самите месни заедници да одлучат кои луѓе ќе се вработат во оваа термоцентрала затоа што ние сме оштетени, а не да се вработуваат  луѓе од други места“, вели Фето Фетоја.

За ваквата загриженост на жителите прашавме во РЕК „Осломеј“, но оттаму ни рекоа дека немаат надлежност за вработување, упатувајќи не да се обратиме до Електрани на  Северна Македонија. Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, вели дека вработувањето се врши врз основа на законот за работни односи, каде секој вработен мора да ги исполнува условите за вработување, како работно место и образование. Одбива да има писмен договор за вработување во соработка со месните заедници од таа зона.

Како од РЕК Осломеј така и од ЕСМ не спомнаа некаков договор со жителите од поранешната општина Осломеј. Додава дека таков договор не постои на хартија во нивните канцеларии и таков договор според ЕСМ не дозволува законот за работни односи. РЕК Осломеј во моментов има 837 вработени, плус 85 вработени преку агенција, како привремени вработувања.