Жителите на селата Гарани и Стрелци но и граѓани од околината на поранешната општина Осломеј денеска со блокада на магистралата Кичево – Осломеј протестираа против фрлањето отпад во и околу поранешниот рудник Осломеј од страна на комуналното претпријатие Комуналец во Кичево.
Претседателот на Организацискиот одбор, Шаип Дервиши вели дека протестираат за да не се носи отпад во близина на местата каде што живеат.
Протестот ќе трае до исполнување на нивните барања кои не се политички туку е за зачувување на здравјето на децата.
Протестот се одржа на раскрсницата во близина на центарот Гара и помина мирно и без проблеми.
Од општина Кичево најавија дека наскоро ќе излезат со официјален став во врска со овој проблем.
