Жителите на Студеничани се жалат на лошата миризба од каналот кој поминува покрај нивните домови.
Еден жител со кој разговаравме, вели дека не можат да ги отворат ниту прозорците поради лошата миризба, а се плашат и од инфекции.
Каналот како што беше со програмата, да се уредува како што е таму горе.
Како е таму?
Таму делумно е со бетон, а за овде еднаш рекоа ќе го направат со камења, еднаш вака, еднаш така, а на крајот оставија вака како што гледате.
Дали ви смета миризбата кога поминувате?
Многу, посебно јас живеам во близина, не можеме да ги отвориме ниту прозорците. Прво има многу лоша миризба, второ прашината, но и не знам што да кажам, уште еднаш ќе истакнам не знам дали да го викам градоначалник или не.
Градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, вели дека работат на проектот, а обезбедиле средства од Министерството за животна средина.
„Средствата за овој проект исто така сме ги обезбедиле од Министерството за животна средина, сега се работи на проектот, нема застој, сега беше повикот од Министерството пред еден месец и верувам дека наскоро ќе се заврши проектот и потоа ќе ги започнеме постапките.“, вели Садику.
Азем Садику во неговата изборна платформа 2021-2025 за градоначалник, вети дека ќе го уредува коритото на реката во Студеничани.
