Дваесет и четиригодишна жителка на тетовско село вчера (9 февруари) во 19 часот, во СВР Тетово пријавила семејно насилство што дента околу 9 часот го извршиле нејзиниот сопруг на возраст од 28 години и свекрвата на возраст од 50 години.
Двајцата, најпрво вербално ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале. Набрзо, пријавените лишени се од
слобода и задржани во Полициската станица Тетово за
целосно расчистување и документирање на случајот.
