Зибери убеден: Ќе имаме 80 гласови во Собрание – Хоџа е за коалиција со АА, Шабани вели дека не е време

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставните измени и проширувањето на Владата беа тема на дебата во синоќешната емисија „Клик Плус“ меѓу претставниците на ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците

Арјанит Хоџа го праша Арбен Зибери, зошто земјава не оди на предвремени избори, имајќи предвид дека е во криза?

Арјанит Хоџа: „Зошто не сакате да има предвремени избори? Еве има криза, ајде да одиме на избори?!“

Арбен Зибери: Сите мерења покажуваат убедлива предност на ДУИ…

-Зошто кревате толкава врева за пратеници?

А.З.: Бидејќи сме врзани, ограничени сме за уставните измени. За нас многу поважно е тие да се случат, отколку да одиме на избори.

-Ги имате ли бројките, вклучувајќи ги и нашите?

А.З.: Да.

-Како да? Имате ли 80 пратеници за уставните измени?

А.З. : Длабоко сум убеден дека ќе ги имаме бројките… кога ќе биде потребно, ќе ги имаме тие бројки…

Исен Шабани од Алијанса за Албанците вели дека доколку влезат во Влада, тоа нема да го сторат за да ја спасат ДУИ, туку за да не се изгуби уште една деценија на патот кон ЕУ.

„Ние сме гаранција за граѓаните кои се на крстопат, во глобална криза. Самата држава е во криза… Ние сме гаранција за државата и граѓаните за да не чекаат уште една деценија. Тука е иселувањето, 1/3 од населението, околу 700-800 илјади се иселиле… Доколку ние раководиме со ресори во Влада, за нас приоритет ќе биде борбата против корупцијата, организираниот криминал и владеењето на правото“, вели Исен Шабани.

Во емисијата, Хоџа и Шабани беа прашани – колкави се изгледите да дојде до коалиција меѓу Беса и АА за да ја поразат ДУИ?

-За мене е лесно, но нека одговори прво Исен.

-Одговорете Вие, штом ви е лесно.

-Апсолутно да, без услови…

-Конкретно прашање е, но ние во моментов не сме во состојба да размислуваме како ќе излеземе утре. Кога ќе дојде време за избори, тогаш ќе дадеме одговор.