Зијадин Села се „судри“ со Аријанит Хоџа – ја коментираше структурата на Беса, Хоџа му возврати: „Долга коса, кратка памет!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Превирања меѓу Алијанса за Албанците и Движењето Беса. Откако синоќа во “Клик Плус“, Села ги коментираше структурите на Беса, денеска генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа, излезе со остра реакција против првиот човек на Алијанса.  

„Долга коса, кратка памет! Овој кутар политичар кој секојпат ги греши адресите, како што се чини нема како да го покрие поразот на изборите и тоа што секој ден му заминуваат луѓе од партијата, а некои од нив дури се тепаат меѓу себе низ канцелариите на ограноците, и сега вината ја префрла на Движењето Беса. Овој манипулатор и вид на политичар кој сакаа да биде лидери на криминалот и криминалните структури, треба да даде отчет за тоа што поразот не го бара во својот двор, туку во структурите на другите партии“, истакна Аријанит Хоџа.

Недоразбирањата почнаа во моментот кога Села објаснуваше како Беса успеала да има членови во комисиите на последните парламентарни избори, додавајќи дека тие членови им ги обезбедила ДУИ, бидејќи, како што рече, Беса освен во Тетово, нема други партиски структури.

„Еден од членовите на трите на власт повторно му ги даде на ДУИ, и ДУИ на избирачките места од Тетово надолу и од Тетово нагоре, населени места во кои Движењето Беса нема структури…Вие многу добро знаете дека немаат структури освен во Тетово, во други места немаат структура. Некаде можеби имаат по 10-15 експоненти, но за да се стане член на комисијата, треба да имаш на пример во една општина 100, 80 или 60 члена, бројка која тие ја немаат. Овие членови, на Беса повторно ѝ ги има дадено ДУИ“, вели Зијадин Села.

Аријанит Хоџа побара од Села да објасни – како на претседателските избори претседателите на ограноците на неговата партија немале имиња да ги пополнат изборните комисии и во 5 до 12 не го исполнија бројот, иако беше потребно да има 50%. Локалните избори се наближуваат па да видиме овој „лидер“ кај која партија ќе ја бара одговорноста за поразот. Дотогаш му апелирам да ја задржи својата структура, бидејќи залудно се труди да ја измами дека ќе има избори и дека ќе дојде во Влада, кога тој добро знае дека сѐ додека е лидер на криминални групи, не може ни да сонува да ја добие поддршката од мнозинството Албанци. Исчисти го твојот двор, потоа коментирај ги другите!- порачува  Хоџа.